Денеска имав посебно задоволство да бидам домаќин на посетата на амбасадорот на Република Албанија на РСМ, неговата екселенција Денион Мејдани.

Денеска имав посебно задоволство да бидам домаќин на посетата на амбасадорот на Република Албанија на РСМ, неговата екселенција Денион Мејдани.

Средбата помина во топла братска атмосфера на која се разговараше за многу прашања поврзани со нашата општина како погранична општина со Р Албанија.

Договорено е да се преземат мерки и активности од двете влади за олеснување на граничниот премин Блата со едношалтерски систем, изградба на собирен пункт за земјоделска стока и особено за сточарски производи, со што ќе се овозможи влез во повеќе лесно во комерцијалната мрежа како и соработка во културната сфера.

Средбата заврши со прошетка во центарот на градот и посета на градскиот музеј.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *