РЕШЕНИЕ за одобрување на Планска програма за изработка на “Детален урбанистички план за Блок 11- Дебар, Општина Дебар”

  Бр./ Nr. 10-335/6   02.05.2024 год./viti   ДЕБАР-DIBËR             Врз основа на член 44 член (7) од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ бр. 32/2020 и 111/2023) и по предлог на Комисијата за урбанизам бр. 10-335/5 од 30.04.2024 година, Градоначалникот на Општина Дебар го донесува следното:   Р Е Ш Е Н И Е за одобрување на Планска програма за изработка на Детален урбанистички план за Блок 11- Дебар, Општина Дебар
   
Се одобрува Планска програма за изработка на “Детален урбанистички план за Блок 11- Дебар, Општина Дебар” со површина од 18.78 ха, со граница на планскиот опфат која се движи во осовината на улиците: jуг: ул. “8- ми Септември”;запад: ул. “8- ми Септември” и ул. “1- ви Мај”;североисток: ул. “Живко Богдановски”;исток: Кременички Дол (гранична линија на КО Дебар и КО Рајчица).   Планската програма е изработена од д.п.п.и. “ТАЈФА- ПЛАН” ДОО Скопје, со тех. бр. 003/02/24 од Април 2024 година.   Постапката е иницирана од д.п.п.и. “ТАЈФА- ПЛАН” ДОО Скопје преку системот е- урбанизам, со бр. 60447.   Образложение   Врз основа на Програмата за изработка на урбанистички планови и урбанистичка документација на територијата на Општина Дебар за 2024 година, бр. 08-270/19 од 28.02.2024 година, покpената е постапка за изработка и одобрување на Планска програма за изработка на Детален урбанистички план за Блок 11- Дебар, Општина Дебар, заведен во Општина Дебар со бр. 10-335/1 од 15.03.2024 година.   Со барањето за отпочнување на постапката е приложена и следната документација: Планска програма за изработка на “Детален урбанистички план за Блок 11- Дебар, Општина Дебар”, со тех. бр. 003/02/24 од Април 2024 година, изработена од д.п.п.и. “ТАЈФА- ПЛАН” ДОО Скопје;Геодетски елаборат за геодетски работи за посебни намени за ажурирана геодетска подлога за КО Дебар 2, КО Дебар 1, КО Рајчица, бр. 0801-343/3-2023 од 19.12.2023 година, изработен од ГЕОМАТИКА ДОО Скопје;Анекс на Геодетски елаборат за геодетски работи за посебни намени за ажурирана геодетска подлога со дел. број 0801-343/3-2023 за КО Дебар 2, КО Дебар 1, КО Рајчица, бр. 0801-343/3-1-2023 од 21.02.2024 година, изработен од ГЕОМАТИКА ДОО Скопје;Програма за изработка на урбанистички планови и урбанистичка документација на територијата на Општина Дебар за 2024 година, бр. 08-270/19 од 28.02.2024 година;Решение за формирање на комисија за урбанизам- Општина Дебар, бр. 10-1020/1 од 27.11.2020 година;Предлог од Комисија за урбанизам, за одобрување на Планска програма за изработка на “Детален урбанистички план за Блок 11- Дебар, Општина Дебар”, бр. 10-335/5 од 30.04.2024 година;   Градоначалникот на Општина Дебар по извршениот увид на приложената документација, констатира дека барањето е основано и се исполнети условите согласно член 44 став (7) од  од Законот за урбанистичко планирање (Службен весник на РСМ бр. 32/2020 и 111/2023) и врз оваа основа се донесе Решенито како во диспозитивот.     УПАТСТВО ЗА ПРАВНО СРЕДСТВО: Против ова Решение, барателот може да поднесе жалба во рок од 15 дена од денот на приемот на Решението до министерот кој раководи со органот на државната управа надлежен за вршење на работите од областа на уредувањето на просторот.        

PLANSKA PROGRAMA DUP BLOK 11 DEBAR-KNAUF

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *