16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња
Почитувани, Со голема чест и задоволство Ве каниме на настанот во рамки на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња”, што ќе се одржи на 9.декември 2022 (петок), во 18:30 часот, во Ресторант Уранику. Кампањата се спроведува секоја година во период од 25.ноември до 10.декември во организација на Обединетите нации (ООН), Европската унија (ЕУ) и на ОБСЕ, а годинава тема на кампањата е „Дигиталното насилство врз жени и девојчиња – Препознаj, Блокирај, Пријави”. Настанот има за цел да ја подигне свеста за борба со дигиталното насилство, како и родово-базираното насилство воопшто, а дискусијата ќе се одвива во однос на тоа како социјалните платаформи станаа места каде се одвива онлајн насилство врз жени и девојчиња, кои се предизвиците и моменталните прилики и кои би биле предлозите и начините за подобрување на состојбата. Дискусијата ќе се одвива во рамки на панел дискусија, а настанот предвидува и музички перфоманс на виола и виолончело на дуото Инфинитас. Ве очекуваме,

0 Comments