Month: <span>December 2022</span>

И оваа календарска година завршува со отчетност за едногодишната работа на администрацијата на општината пред локалните и националните медиуми.

И оваа календарска година завршува со отчетност за едногодишната работа на администрацијата на општината пред локалните и националните медиуми.
Имајќи ги предвид сите негативни фактори, енергетската криза и светската економска криза, кои ја отежнаа реализацијата на ветените проекти, ние како општина повторно можеме да се гордееме со реализацијата на многу витални проекти за нашата општина како на пр.
Завршени инфраструктурни проекти (шеталиште, обиколници до болницата и до пензионерскиот дом, големиот проект за водата за пиење – замена на вентили за вода и поправка на шахтите во водоводот од Росоки, проект за вода за пиење во село Долно Косовраст, локалниот пат кај саат-џамијата, патот во село Бањишта, патот во село Отишани-горно маало, проекти за енергетска ефикасност во општинските училишта, долно Косовраст и Пенестија, поплочување на улички со бекатонка во градот Дебар и селата на површина од 3000 м2, обезбедување возила за НКП Стандард – 2 камиони за смет, Канал Џет и 130 нови контејнери, поддршка на културни и спортски активности во општината, отворање на градски музеј, разни манифестации и публикации на книги.
Поради внатрешни проблеми во буџетот на Светска банка, доцни изградбата на проектите за патишта во Коњара и Венец1, кои според информациите ќе почнат на почетокот на 2023 година, (образложението на банката – зголемувањето на цената на градежните материјали поради глобалната криза).
За 2023 година имаме уште многу готови проекти кои треба да се реализираат и за кои има финансиска покриеност, како и ќе се изработат 16 нови технички проекти кои се состојат во регулација на надземната и подземната инфраструктура.
Активната транспарентност на општината за 2022 година е над 84%, и е на 41 место од 94 институции во РМВ (општина, министерство итн. итн.)
Честитки и среќна нова 2023 година на сите граѓани на општина Дебар! Заедно за подобра и Европска општина.

Учениците од општинското училиште „Пенестија“ ми донесоа честитки за новата 2023 година со желба за успешна и бериќетна година. Имав и писмо со честитки од учениците од гимназијата „28 Ноември“. Честитки до сите наши ученици со желба во новата 2023 година да имате здравје и успех во учењето!

Kамион за собирање и транспортирање на отпадот

Општина Дeбар денеска доби и камион за собирање и транспортирање на отпадот, кој е наменет за маневрирање по уличките на градот, како и во руралните делови на општината.

Предметниот камион е донација од Светска банка во рамки на проектот на општина Дeбар „Зајакнување на капацитетите на општинското претпријатие“. Оваа машина од страната на општината беше предадена на НКП / ЈКП „Стандард“ што ќе ја зголеми и ефикасноста при работа на оваа претпријатие.

Како резултат на проектот, општина Дебар има добиено:

1. Нови контејнери за отпад 130 парчиња

2. Камиони за собирање и транспорт на отпад, 2 парчиња

3. Специјален камион за чистење на отпадни води (Canal Jet).

Со овој проект, возниот парк на НКП „Стандард“ е опремен со најмодерни автомобили кои никогаш не ги имала или ги имала на позајмица од други општини.

#ЗеленаПлатформаВоИмплементација.

Продолжуваме со сигурни чекори …

16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња

Почитувани, Со голема чест и задоволство Ве каниме на настанот во рамки на кампањата „16 дена активизам против насилство врз жени и девојчиња”, што ќе се одржи на 9.декември 2022 (петок), во 18:30 часот, во Ресторант Уранику. Кампањата се спроведува секоја година во период од 25.ноември до 10.декември во организација на Обединетите нации (ООН), Европската унија (ЕУ) и на ОБСЕ, а годинава тема на кампањата е „Дигиталното насилство врз жени и девојчиња – Препознаj, Блокирај, Пријави”. Настанот има за цел да ја подигне свеста за борба со дигиталното насилство, како и родово-базираното насилство воопшто, а дискусијата ќе се одвива во однос на тоа како социјалните платаформи станаа места каде се одвива онлајн насилство врз жени и девојчиња, кои се предизвиците и моменталните прилики и кои би биле предлозите и начините за подобрување на состојбата. Дискусијата ќе се одвива во рамки на панел дискусија, а настанот предвидува и музички перфоманс на виола и виолончело на дуото Инфинитас. Ве очекуваме,

Известување

Почитувани граѓани, претставници на невладини здруженија, спортски клубови, бизнисмени, заинтересирани како и секој обичен граѓанин, ве покануваме да учествувате на Јавната расправа за Предлог-буџетот на општина Дебар за 2023 година, која ќе се одржи на 12.12 .2022 година (понеделник) со почеток во 11:00 часот во Салата на Советот на општина Дебар. Транспарентноста и учеството на граѓаните во секоја фаза на одлучување се столбовите на она што им го ветивме на граѓаните и се трудиме да го спроведеме, па затоа сте поканети да ги дадете вашите идеи.

Со почит,
Градоначалник на општината
д-р Хекуран Дука