Ова е втор ден откако НКП Стандард заедно со општина Дебар ги преземаат сите неопходни мерки
Ова е втор ден откако НКП Стандард заедно со општина Дебар ги преземаат сите неопходни мерки за гаснење и ставање под контрола на пожарот кој беше предизвикан во градската дива депонија. Протвпожарната единица, капацитетите на НКП Стандард на чело со директорот, фирмата која во итни случаи работи на депонии со булдожерот за покривање со земја на ватрените жаришта и други активности, беа во целосна готовност 24 часа. Општина Дебар приоритетно работи на натамошна модернизација на депонијата, но проблемот со дивите депонии во РМВ е проблем што може да се реши на републичко ниво со изградба на регионални депонии. Ова ќе биде дефинитивното решение, дотогаш ќе имаме многу потешкотии како општина за контрола на депониите, особено во текот на летото кога температурите се високи. За секоја евентуалност ќе се обидеме со сите сили да се соочиме со тешкотиите што ги вади депонијата и очекуваме граѓаните заедно со приватните и државните фирми да ни помогнат според можностите што ги имаат. Со нашите мерки ќе се обидеме да има што помалку пожари на депониите, имајќи разбирање за грижата на граѓаните.
0 Comments