Почитувани граѓани

Почитувани граѓани! Општина Дебар отсекогаш била отворена за соработка со своите граѓани, секогаш во корист на развојот на нашиот град. Сведоци сме на сите активности како што се спортски (клубови), културни, хуманитарни (здруженија), еколошки акции, активности за одржување на животната средина и многу други. Продолжуваме да изразуваме подготвеност за соработка со сите, без разлики. Заради координација на годишните проекти планирани од општина Дебар од една страна и активностите на волонтерски здруженија, клубови и поединци од друга страна, ве повикуваме да побарате одобрение (координација) од општина Дебар со единствена цел да не доаѓа до некоја пречка или дуплирање на истиот проект. Повеќето здруженија и поединци се консултираат со општината пред да преземат каква било акција или работа. Да бидам поконкретен на пример одредено здружение се обратило до општината со барање да се засадат или заменат оштетените дрвја во градот (тротоари) и откако видовме дека истата активност, ние како општина не ја планираме за наведеното време, дадовме дозвола и да се работи. е направено без никаков проблем од страна на здружението. Да не се лошо сфатиме, во последно време во градод се превземат некоја работа од одредени луѓе кои не се консултирани општината (намерно или не??!!) вршат работи кои општина Дебар веќе планира да ги направи во блиска иднина. Така, веднаш се појавува проблем и доаѓа до дуплирање на истата работа, од една страна општината не може да го реализира проектот со оглед на тоа што локацијата на реализација сега е „зафатена“ од некој што „доброволно“ презел нешто а од друга страна има два трошоци за иста работа. Овој е моментот кога доаѓа до израз потребата за соработка и координација, бидејќи општината е крајна одговорна за се што се случува во градот со општествениот имот. Ве повикуваме да соработуваме за доброто на градот и да не дозволуваме простор некој да се сомнева во индивидуални инаети, политички поени и популизам, што досега не се случило. Многу ја цениме секоја работа со добра намера, но како и секогаш со координација и соработка така ќе бидеме поефикасни. Општина Дебар досега не ја затвори вратата за никој што има дејност со добра намера, туку напротив соработуваше, па дури и помогна на сите начини таа акција да биде многу успешна. Сакајќи да не бидеме погрешно разбрани и внимавајќи да не го повредиме ентузијазмот на здруженијата и поединците кои сакаат да придонесат со работа за градот, ви благодариме за разбирањето и ветуваме дека ќе имаме верба дека соработката и координацијата без предрасуди, е клучот за успехот за секого!

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *