Cостанок со Комитетот за односи меѓу заедниците

Денеска се одржа состанок со Комитетот за односи меѓу заедниците, пратеничката Арбана Пашоли претседател, пратениците Бедри Фазлиу, Зеќир Рамчиловиќ, Љатифа Шиковска и Берат Ајдари, како и претседателката на Комисијата Јасминка Перчинкова. Ние како општина секако можеме да се гордееме со примерни меѓуверски и меѓуетнички односи. Сеуште работиме на одредени програми и проекти кои во суштина имаат постигнување на еднаквост меѓу заедниците во сите аспекти. Бевме во посета на една ромска населба во градот каде одблиску ги видовме најнормалните услови во кои живеат Ромите. Генералниот заклучок беше дека Дебар служи како добар модел на соживот меѓу заедниците и верските заедници.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *