Во една простирија на стариот амам на градот денеска започнаа почетоците на музејот за градот Дебар

Во една простирија на стариот амам на градот денеска започнаа почетоците на музејот за градот Дебар. Оттука започнува остварувањето на сонот да имаме историски и културен музеј на Дебар. Општината ќе вложи максимални напори преку проекти од областа на културата да изгради модерен и заслужен музеј за овој историски град. Ги повикуваме сите граѓани и бизнисмени иницијативата да биде од нас самите и таа потоа да прерасне и да се развие во вистинска културна институција. Оние кои имаат разни артефакти за кои сметаат дека вреди да се изложат можат да дојдат во општината во единицата за општествени дејности. Добредојдени сте и за предлози и идеи.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *