Денеска заменик министерот за земјоделство, г. Abdylshyqyr Abedini, ја посети општина Дебар
Денеска заменик министерот за земјоделство, г. Abdylshyqyr Abedini, ја посети општина Дебар каде што остваривме работна средба. Заменик министерот не информираше за сите програми на министерството каде можеме да аплицираме за различни проекти. Во однос на начинот на аплицирање на проектот, ќе се одржи семинар со претставници од општините на кој детално ќе се дадат практични упатства во врска со апликацијата. Побаравме и да се забрзаат процедурите за реализација на проектот за наводнување на Дебарската рамнина и да се отворат повици од агенцијата за земјоделство и рурален развој каде што ние имаме подготвени инфраструктурни проекти.
0 Comments