Денеска имавме важна посета на делегацијата на Чешката амбасада во РСМ
Денеска имавме важна посета на делегацијата на Чешката амбасада во РСМ предводена од самиот амбасадор г. Јарослав Лудва. Амбасадорот беше запознаен со карактеристиките на општина Дебар, ресурсите со кои располага, начинот на менаџирање и тешкотиите на кои се среќава особено во актуелната енергетска и економска криза. Амбасадорот изрази подготвеност финансиски да поддржи мал проект на општината и се договоривме за една работна средба после 2 недели.
0 Comments