Еколошката акција организирана од општина Дебар беше многу успешна
Еколошката акција организирана од општина Дебар беше многу успешна бидејќи во неа беа вклучени сите поединци и различни субјекти кои пред се ја сакаат чистотата на Дебар не само со зборови туку и со дела. Со оваа активност беше дадена порака дека против загадувањето на животната средина кое постојано го предизвикуваат некои несовесни луѓе, ние кои ја сакаме природата и околината на Дебар, нема да сеедниме со вкрстени раве, туку ќе дејствуваме. Голема благодарност до сите учесници кои во овие денови на пост направија чин кој не само на човекот туку и на Бога му угодува. Вакви акции ќе организираме во наредните месеци, без разлика кој ќе го иницира, важно е Дебар да се исчисти од шут. Ова е патриотски гест и обврска на секој граѓанин.
0 Comments