Eколошка акција за чистење на градот
Како што ве информиравме и претходно, општина Дебар ќе организира општа еколошка акција за чистење на градот каде ќе бидат вклучени сите заинтересирани како институции, здруженија, фирми и сл. На состанокот одржан во општината секој си ги презеде своите обврски. Бидејќи во викендите времето беше нестабилно, немаше можност да се излезе на терен и ќе чекаме подобро време. Но, денеска компанијата „МИРЗО ТРАНС“ со сопственик Исмет Мирзо, доброволно ја исполни својата обврска со чистење на дивите депонии во Елевца и во дел од градот Дебар. Заблагодарувајќи им се за сработеното, ги повикуваме сите други компании, особено оние од селата, да се приклучат на оваа акција придонесувајќи за одржување на чистотата во градот. Оние кои не сакаат да придонесат, барем да внимаваат и да не фрлаат ѓубре од нивните дуќани на забранети места. Дебар ќе биде чист, колку што сме свесни и во оваа нема друг избор.
0 Comments