Нови партнери за подобро општинско буџетирање

Во организација на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД), бевме поканети да презентираме на состанокот „Нови партнери за подобро општинско буџетирање“. Општина Дебар веќе е партнер на првата група и дел од проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите за искористување на ресурсите, кој проект е финансиран од оваа агенција. Денеска ни се придружи втората група од 24 општини. Дебар досега е корисник на 4 проекти на УСАИД, проекти со кои значително ќе се подобри ефикасноста на општинската администрација во исполнувањето на обврските кон граѓаните. Амбасадорката на САД Кејт М.Бирнс во својот говор, меѓу другото, ја спомена само општина Дебар „…како добар пример за општина Дебар каде на влезот на општината, јавно и видливо за граѓаните се прикажани дневните трошоци на општината“.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *