Month: <span>March 2022</span>

Известување

Известување!
Општина Дeбaр, како дел од проектот на УСАИД за зајакнување на капацитетите на ресурсите кој е финансиран од Агенцијата за меѓународен развој на Соединетите држави (УСАИД), ги известува сите граѓани, здруженија, клубови, претпријатија и невладини организации дека Проектот го испраќа месечниот билтен кој има за цел информации и можности за надворешно финансирање со различни грантови.
За повеќе информации (активни повици и како да аплицирате) преземете pdf.

Cредба со високи претставници

Општина Дебар како дел од Проектот на УСАИД за зајакнување ресурси, денеска имаше средба со високи претставници на оваа агенција на која тема на разговор беше давање стручна помош на УСАИД во областа како да се аплицира за проекти во различни меѓународни фондации. Присутен беше и градоначалникот ц. Жупа Аријан Ибрахим бидејќи проблемите со кои се соочуваме двете општини се многу слични и заеднички. На крајот се договоривме оваа соработка да продолжи непречено за конечно да има позитивен резултат за благосостојбата на граѓаните.

Tрибина на тема: Подигнување на свеста за заштита и грижа за репродуктивното здравје на жената.

По повод 8 Март, Денот на жената, општина Дeбар организираше трибина на тема: Подигнување на свеста за заштита и грижа за репродуктивното здравје на жената. Отворањето го направи градоначалникот др. Хекуран Дука, додека на горенаведената тема, ги презентираа своите трудови проф. д-р Глигор Тофоски (Клиника за гинекологија и акушерство Скопје), Мр Сања Саздовска (Министерство за здравство), д-р Афродита Шаља (УНФП), д-р Едлира Пиперку, д-р Аргетим Фида, мр Арбана Пашол . Темите беа проследени со голем интерес од голем број на жени, бидејќи се разговараше за актуелни и важни прашања во врска со нивното здравје.