Речиси е завршен најприоритетниот проект на општина Дебар
Речиси е завршен најприоритетниот проект на општина Дебар за замена на вентили за воздух и вода на линијата од Росок до главниот резервоар на градот. Со овој проект, општина Дебар презеде храбри чекори да интервенира во најделикатниот дел од градското водоснабдување, но кој ќе биде една од најважните зафати за подобрување на недостигот од вода за пиење во нашата општина. Согласно проектот, до крај ќе се изврши поставување на помал број вентили и изградба на 3 големи шахти заедно со најсовремена опрема, која ќе биде лоцирана на главните крстосници каде моментално има загуба на вода. Овој проект е само прва фаза од решавањето на проблемот со водата за пиење, после тоа ќе има уште 2 проекти (кои се во подготовка) и се надеваме дека до крајот на следната година еднаш засекогаш проблемот со водата за пиење во општина Дебар , да се реши.
0 Comments