Апел!

Почитувани граѓани, претставници на државни институции, претставници на невладини организации, здруженија, спортски клубови, медиуми и приватниот бизнис сектор.

Ве известуваме дека на 28 март, понеделник, во 13:30 часот во просториите на општина Дебар се организира координативна средба со претставници на институции и невладини организации за еколошката агенда, иницирана од општина Дебар за една голема еколошка акциј во која ќе учествуваат  почнувајќи од администрацијата на општина Дебар, општинското претпријатие Стандард, други локални институции, невладини организации и бизниси кои се подготвени да се приклучат на нашата иницијатива.

На состанокот ќе се разговара за оперативниот план, времетраењето на акцијата, поделбата на областите и задачите и други точки предвидени во оперативниот план.

Очекуваме најголема помош и придонес од претприемачите и приватните бизниси во нашиот град кои треба да бидат во првата линија на оваа акција со сите можни средства, не исклучувајќи ги другите субјекти и институции, особено бизнисите кои поседуваат камиони, багери итн.

Се разбира, секој учесник има простор и време да ги искаже предлозите и ставовите на институцијата или здружението што ги застапува.

По средбата, граѓаните ќе бидат подетално информирани за разговорите и одлуките.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *