Tрибина на тема: Подигнување на свеста за заштита и грижа за репродуктивното здравје на жената.
По повод 8 Март, Денот на жената, општина Дeбар организираше трибина на тема: Подигнување на свеста за заштита и грижа за репродуктивното здравје на жената. Отворањето го направи градоначалникот др. Хекуран Дука, додека на горенаведената тема, ги презентираа своите трудови проф. д-р Глигор Тофоски (Клиника за гинекологија и акушерство Скопје), Мр Сања Саздовска (Министерство за здравство), д-р Афродита Шаља (УНФП), д-р Едлира Пиперку, д-р Аргетим Фида, мр Арбана Пашол . Темите беа проследени со голем интерес од голем број на жени, бидејќи се разговараше за актуелни и важни прашања во врска со нивното здравје.
0 Comments