Почитувани граѓани!

Почитувани граѓани!

Сакаме да ве информираме дека општина Дебар прави максимални напори со сите капацитети што ги има на располагање за да го одржува јавното осветлување на најквалитетно и најефикасно. Ќе продолжат интервенциите во градот но и во селата според план за работа.
Но, она што не загрижува се веродостојните информации за појавата на кражба на електрична енергија од мрежата за јавно осветлување од страна на несовесни лица и субјекти, со што се нанесува голема финансиска штета и оштетување на преносните кабли.
Деновиве работната група на општина Дебар ќе излезе на терен и сериозно ќе идентификува и ќе поведе судска постапка против секој потенцијален насилник.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *