Kонференција за печатени и електронски медиуми во нашата земја
Денеска беше организирана конференција за печатени и електронски медиуми во нашата земја, на која се одрази целокупното работење на општина Дебар во текот на 2021 година.
Хронолошки беше претста вена целокупната активност на општинската администрација која секогаш била и е во служба на граѓаните на најефикасен можен начин.
Оваа година се сметаше за многу успешна година и покрај тешкотиите кои негативно се одразија на динамиката на реализација на некои проекти. Со надеж дека ќе имаме постабилна финансиска, енергетска, здравствена и политичка состојба, во 2022 година ќе бидеме многу поефикасни и поконкретни во реализацијата на планираните и приоритетни проекти за нашата општина.
Ќе продолжиме на реализација на другите фази од проектот за водата за пиење, управување со отпад и депонијата на градот како и подобрување на патната инфраструктура во градот и руралните делови на општината. За сите овие активности обезбедени се финансиски средства од владини и меѓународни извори.
Посебно внимание ќе се посвети на подигање на повисоко и посовремено ниво на работата на НКП Стандард како во организациски така и во технички аспект преку обезбедување на стручни лица и соодветна механизација за нивната дејност.
Во 2022 година работата на општинската администрација ќе биде поефикасна со обука на административци со посебни и специфични програми, особено во секторот урбанизам, право, финансии (наплата даноци), образование, култура, спорт итн.
Ќе се инсистира на подобрување на работата на инспекторатот како општински, градежен, сообраќај, еколошки, просветен итн.
Општината тесно ќе соработува со институциите на централната власт, со соседните општини, странските и локалните инвеститори, дебарскиот бизнис, дијаспората во САД и Европа, за да ја постигнеме нашата заедничка цел: Да го направиме Дебар онаква каква што сите сакаме, како младите го сакат.
Од се срце ви ја честитам новата 2022 година, со надеж дека ќе имате здравје и хармонија во вашите семејства!