ЈАВЕН ПОВИК за пријавување заитересирани лица од Општина Дебар, за полагање на испит за добивање на Сертификат за авто-такси возач
Врз основа на член 50 од Законот за
локалната самоуправа (“Сл. весник на РМ” бр. 5/02), член 8 став 1 точка 4 од Законот
за превоз во патниот сообраќај (“Сл. весник на РМ” бр.
68/04, 127/06, 114/09, 83/10, 140/10, 17/11, 53/11, 6/12, 23/13, 120/13,
163/13, 187/13, 42/14, 112/14, 166/14, 44/15, 97/15, 124/15, 129/15, 193/15,
37/16, 71/16, 64/18, 140/18 и
163/18 и “Службен весник на Република Северна Македеонија” бр. 275/19), a во согласност со Правилникот за постапката и Програмата за
полагање на испитот за добивање на сертификат за авто-такси возач, формата и
содржината на записникот за
положен испит и Сертификатот за авто-такси возач (“Сл. весник на РМ” бр. 126/19). Градоначалникот на Општина Дебар го објавува следниот
ЈАВЕН ПОВИК за пријавување заитересирани лица од Општина Дебар, за полагање на испит за добивање на Сертификат за авто-такси возач ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ПОВИКПредмет на јавниот повик е пријавување на заитересирани лица од Општина Дебар, за полагање на испит за добивање на Сертификат за авто-такси возач.Испитот го спроведува посебна Комисија за полагање на испит за авто-таски возач, формирана од Градоначалникот.Испитот се врши кај посебен правен субјект кои ги исполнува законските услови за полагање на испит.Трошоците за полагање на испитот паѓаат на товар на возачот. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ПОВИКПраво на учество на јавниот повик имаат сите заинтересирани лица од Општина Дебар, со поднесување на Пријава која содржи:Име и презиме на кандидатот;Датум, година и место на раѓање;Адреса на живеалиште или престојувалиште;Број на лична карта и матичен број.Пријавените кандидати кон пријавата се должни да достават и Потврда за завршена обука од правно лице кое е овластено од Општина Дебар за стручно оспособување на кандидатите. (Информации за обука од правно лице кое е овластено од Општина Дебар за стручно оспособување на кандидатите, заинтересираните лица можат да добијат на телефонски број 071 669 404). НАЧИН И РОК НА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ПРИЈАВАТАЛицата од точка 2 поднесуваат Пријава до архивата во Општина Дебар, најдоцна два дена пред денот на одржување на испитот. ИСПИТИспитот се спроведува еднаш месечно (во ден 27 од секој месец, во случај на нерабоетн ден тогаш испитот ќе се одржи следниот работен ден);Испитот се состои од теоретски дел кој се полага писмено во форма на тест.Испитот содржи испитни прашања од две тематски области и тоа:безбедност на сообраќајот на патиштата ипревоз на патниците. По спроведувањето на испитот доколку возачот го положи испитит ќе му биде издадено посебно Уверение за положен испит, а во рок од 15 дена му се издава Сертификат за авто-таски возач. |
0 Comments