Предмет: ИНФОРМАЦИЈА ДО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЧЕЛАРИ
Во врска со предстојната превентивна систематска дезинсекција за уништување на комарците на подрачјето на општина Дебар
Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 ),, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебар за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебар како општа противепидемиска мерка Општина Дебар го издава следното соопштение:
Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебар дека на ден 01.07.2021 год.(четврток ), екипите на ЛИСА-КОМ МС -Кавадарци ќе спроведат теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарците.
Запрашувањето ќе се врши во, период од 18.00 до 06.00 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени :зелените површини во Општината, крајбрежјето на Дебарското езеро, депонии и пограничен појас, урбаната населба Дебар како и останатите локалитети предвидени во планот и програмата.
Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.