Градоначалникот на општина Дебар г. Хекуран Дука на состанок ја прими г-ѓа. Кејт Мари Бирнс, американска амбасадорка во РСМ
Денес со посебно задоволство градоначалникот на општина Дебар г. Хекуран Дука на состанок ја прими г-ѓа. Кејт Мари Бирнс, американска амбасадорка во РСМ. Средбата помина во многу пријателска атмосфера и главно се разговараше за поставување на поцврсти столбови за соработка и интерес на двете земји. САД како стратешки партнер, беа присутни во економскиот развој на нашата општина преку разни фондации и оваа помош ќе продолжи. Во овој поглед, мост се Дебарчаните кои живеат и работат во Америка и претставуваат еден од најважните фактори за економската благосостојба на дебарските фамилии .Ви благодарам Америка!
0 Comments