Month: <span>October 2020</span>

Градоначалникот на општина Дебар г. Хекуран Дука на состанок ја прими г-ѓа. Кејт Мари Бирнс, американска амбасадорка во РСМ

Денес со посебно задоволство градоначалникот на општина Дебар г. Хекуран Дука на состанок ја прими г-ѓа. Кејт Мари Бирнс, американска амбасадорка во РСМ. Средбата помина во многу пријателска атмосфера и главно се разговараше за поставување на поцврсти столбови за соработка и интерес на двете земји. САД како стратешки партнер, беа присутни во економскиот развој на нашата општина преку разни фондации и оваа помош ќе продолжи. Во овој поглед, мост се Дебарчаните кои живеат и работат во Америка и претставуваат еден од најважните фактори за економската благосостојба на дебарските фамилии .Ви благодарам Америка!

Aмбасадорка на Велика Британија во посета на општина Дебар

Нејзината екселенција Рејчел Галовеј, амбасадорка на Велика Британија во посета на општина Дебар. Интересот на амбасадоркатс за негативното влијание на пандемијата врз целокупниот развој на општината како и изнаоѓање можности за реализација на проекти во најбрз можен рок кои се состојат од подобрување на условите за живот на граѓаните. Амбасадорката изрази подготвеност за поблиска и поконкретна соработка меѓу Велика Британија и општина Дебар.

Денес, еден ден по почетокот на новата учебна година, ги посетив деветгодишните општински училишта за да се запознам со проблемите што на крајот може да произлезат од антиковид мерките во образовниот процес. При прегледот на централните училишта во Дебар и Долно Косоврасти, утврдено е дека директорите ги презеле сите потребни мерки согласно протоколот за започнување на наставата за учениците од прво до трето одделение со физичко присуство, додека другите класови преку интернет платформата. Општина Дебар со сите свои можности ќе биде близу до училиштата и ќе ги поддржува во решавањето на сите проблеми.