Работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање, г. Насер Нуредини.

Работна средба со министерот за животна средина и просторно планирање, г. Насер Нуредини. Темата на разговорот беше поврзана со финансирање на два проекти со кои општина Дебар конкурираше во програмата за вода и канализација од ова министерство. Министерот изрази подготвеност да обезбеди финансиска поддршка на овие проекти бидејќи тие се проекти кои ги исполнуваат сите административни и технички услови и ќе бидат од витално значење за благосостојбата на граѓаните на Дебар.
Станува збор за резервоар за вода за пиење во населбатс Варош и канализација во с. Џепиште.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *