Month: <span>March 2020</span>

Bондредна седница во врска со состојбата со проширување на корона вирус во подрачјето на Општина Дебар

Врз основа член 40 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ„бр.5/02 како и член 30 од Статутот на Општина Дебар („Службен гласник на Општината„бр. 14/03) Советот на општина Дебар на ден 09.03.2020 во 22: 00 часот одржа вондредна седница во врска со состојбата со проширување на корона вирус во подрачјето на Општина Дебар, и ги донесе следните заклучоци:
Одлука со препорака

1. Министерството за образование носи решение да го прекине воспитниот процес на неодредено време.
2. Министерството за здравство итно да го зголеми бројот на здравствени работници во Центарот за јавно здравје во Дебар (епидемиолог, технички здравствен персонал). Санитарниот инспекторат треба да ги зголеми контролите врз хотелските капацитети за нивото на дезинфекција.
3. Министерството за внатрешни работи да ги зголеми мерките и контролите со професионална опрема на граничните премини на регионот на Дебар.
4. Владата на РСМ треба да ја разгледа можноста за скратување на работното време за државната и јавната администрација.

Овие одлуки влегуваат во сила веднаш и бараат гореспоменатите тела итно да ги разгледаат.

Информативен состанок

Денес(09.03.2020), градоначалникот Дебар Хекуран Дука, во контекст на загриженоста креирана од појава на вирусна состојба, СОВИД-19 (корона вирус), ја одржа следната средба меѓу неколку состаноци, со информативен карактер со претставници на надлежните институции кои ја следат состојбата во врска со ширење на вирусот.
Директорот на Центарот за јавно здравје во Дебар, началникот на полицијата во Дебар и други претставници поврзани со состојбата пријавени на оваа средба, тие известија за состојбата на теренот и известија за преземените мерки.
Во извештајот се утврдува дека ситуацијата е под контрола и истражувањето продолжило со посебна грижа и немало потреба од паника, туку за зголемена претпазливост.
Општина Дебар информира дека внимателно ја следиле состојбата со неопходната сериозност и во координација со вклучените институции.
Како дел од преземените мерки, беше прецизирана и состојбата со хигиената во јавните и приватните институции, каде што како АПЕЛ се повикуваат сите граѓани да бидат внимателни со овие мерки и во секој случај да бидат во согласност со упатствата на Институтот за јавно здравје во СРМ.

СООПШТЕНИЕ

Известување за почеток на теренски активности за прибирање на податоци за улици и куќни броеви.