Bондредна седница во врска со состојбата со проширување на корона вирус во подрачјето на Општина Дебар

Врз основа член 40 од Законот за локалната самоуправа („Службен весник на РМ„бр.5/02 како и член 30 од Статутот на Општина Дебар („Службен гласник на Општината„бр. 14/03) Советот на општина Дебар на ден 09.03.2020 во 22: 00 часот одржа вондредна седница во врска со состојбата со проширување на корона вирус во подрачјето на Општина Дебар, и ги донесе следните заклучоци:
Одлука со препорака

1. Министерството за образование носи решение да го прекине воспитниот процес на неодредено време.
2. Министерството за здравство итно да го зголеми бројот на здравствени работници во Центарот за јавно здравје во Дебар (епидемиолог, технички здравствен персонал). Санитарниот инспекторат треба да ги зголеми контролите врз хотелските капацитети за нивото на дезинфекција.
3. Министерството за внатрешни работи да ги зголеми мерките и контролите со професионална опрема на граничните премини на регионот на Дебар.
4. Владата на РСМ треба да ја разгледа можноста за скратување на работното време за државната и јавната администрација.

Овие одлуки влегуваат во сила веднаш и бараат гореспоменатите тела итно да ги разгледаат.

0 Comments

There are no comments yet

Leave a comment

Your email address will not be published. Required fields are marked *