Month: <span>March 2020</span>

АПЕЛ

АПЕЛ
Почитувани сограѓани, ширењето на резичниот вирус е во критична фаза, а нашата хегрижа може да предизвика да некој од наш близок, родител, роднина, пријател или секој без исклучок да биде засегнат од овој невидлив непријател, затоа внимавајте себеси и сите други со избегнување на собири, блиски контакти и придружување, на релевантни препораки.

https://www.facebook.com/104734941155598/videos/212817543409487/?t=5

СООПШТЕНИЕ

Со максимално ангажирање на Оперативмниот Штаб на Општина Дебар на чело со градоначалникот Хекуран Дука, со постојано секој дневно инсистирање, со реакции на секоја комуникација и со подршка на Центар за Управувае со Кризи, денеска постигна одлука на владата на РСМ за решавање на проблемот за сите Дебарски Производители, за еднааков третман, за помагање на локалната економија во овие тешки денови.

Во прилог имате копиа од одлуката на владата со бр 44-2147/8. Со датум 18.03.2020

Општински Оперативен Штаб-Дебар

Се известуваат сите странски државјани и државјани на РСМ што поради прогласување на “кризна состојба” кои се блокирани во приватни куќи на општина Дебар и странските државјани што сакаат да патуват надвор од државата, да се јавуваат на полициската станица Дебар на бројот 192.
Ова се презема со цел точно да се
евидентираат овие лица и да се преземат мерки за деблокирање на ситуацијата.

Општински Оперативен Штаб-Дебар

Мерки и Активности за Справување

Мерки и Активности за Справување

Во последниот состанок на Главен Штаб за Управување со Кризи-Скопје е донесен Акционен План за Дебар и центар Жупа врз основа на што од Утре:

1. Затворање на сите инситуции и економски субјекти на подрачјето на општините Дебар и цднтар Жупа освен Банките, продавниците за храна, Бензински пумпи, Апотеки, Болници. Комуналните служби и Пошта да работат во периодот од 08:00-14:00.

2. Работата на производствените капацитети на општините Дебар и Центар Жупа да се ограничи во период од 08:00-14:00.

ИНФОРМАЦИЈА

ИНФОРМАЦИЈА
Сите деловни субјекти (маркети, аптеки) се известуваат дека снабдувањето со роба ќе продолжи според протоколот усвоен денес од персоналот за управување со итни кризи како што следува:

– Снабдувањето ќе биде дозволено секој ден од 08:00 до 14:00 часот на начин определен со ПРИДРУЖБА од надлежните органи.

– Сите добавувачи треба да известат однапред на тел: 046 / 831-051

Во исто време ги известуваме граѓаните дека нема потреба за паника и загриженост преземените мерки за снавдување со роба и лекови ќе продолжи нормално.

ОД Оперативен Општински Штаб

ИЗВЕСТУВЊЕ

Се информират сите граѓани на општина Дебар дека сите средби со градоначалникот и администрацијата се откажани поради состојбата со проширување на коронавирусот. За секоја барање ве молиме да се обратите кон шалтерите на влезот на општината.
Оваа мерка важи до втора одлука!

ИЗВЕСТУВЊЕ

Вечерва, на 11.03.2020 година во 20:00 часот, во канцелариите на општината Дебар се одржа следниот состанок на Советот за вонредни состојби за управување со кризaта создадена од ширењето на вирусот Корона. Оваа средба ја свикаше градоначалникот на општината г. Хекуран Дука каде беа присутни претставници на локални и централни институции:
Претставник од Центарот за јавно здравје-Дебар, д-р Ментор Мела
Претставник од секторот за внатрешни работи г-дин Арбен Думани
Претставник на јавното комунално претпријатие „Стандард“ г. Омер Ками
Претставник од Дирекцијата за заштита и спасување Адмир Горенца
Претставник од Центарот за управување со кризи Феми Ајроски
Командантот на противпожарната единица г.Џетан Мифтароски
Муфтија на Дебар г. Решат Качалнику
Претставник на Православната црква Миле Ангеловски
На средбата се разговараше за тековната состојба со ширењето на коронавирусот, при што претставници на институциите известуваа врз основа на законски надлежности.
Градоначалникот на Дебар, г. Хекуран Дука, врз основа на информации од релевантни институции, образложи за моменталната состојба во градот Дебар, каде ја истакна важноста за превземените мерки како што се:
– Затворање на училишта и предучилишни установи – Ослободување од работни обврски на специфични категории на вработени, како што е препорачано од владата
– Зголемено миење на улиците во градот
– Комплементарен третман во управувањето со отпадот
– Продолжување со дезинфекција на предучилишни и училишни установи, други важни установи, главни патишта и други активности.
Врз основа на информациите од претставници на други институции, станува збор за нова ситуација за која е потребен посериозен пристап и зголемени превентивни мерки.
На крајот од оваа средба излегоа следниве заклучоци:
1. Ситуацијата создадена со ширењето на Коронавирус е сериозна и на релевантните институции во Дебар им е потребен дополнителен капацитет успешно да се справат со оваа нова ситуација.
2. Итно побарамр од Владата на РСМ да го третира Дебар како специфичен регион и да преземе посебни епидемиолошки мерки, покрај општите.
3. Со разбирање на верските заедници, беше решено да се стопираат активности во просториите на соодветните објекти.
4. Пренесување на информации и заклучоци до владините тела за донесување релевантни одлуки.
5. Општина Дебар изрази подготвеност да ги поддржи преземените активности со буџетски средства, технички средства и човечки ресурси.
Ги повикуваме сите граѓани да одржат мир, да обезбедат морална поддршка и секаков вид поддршка при вршење на активности на нивните соодветни органи, да избегнуваат непотребни излегувања и собири и да се ограничат на движење за да се спречи ширењето на вирусот. Строго да се почитуваат превентивни мерки предложени од СЗО и Владата на РСМ.
Советот за вонредни состојби, постојано ја следи состојбата и ќе преземе конкретни мерки и активности за евентуална промена на ситуацијата во градот.