Основно Образование

ООУ Ристе Ристески – с.Долно Косоврасти

Почетоците на  ООУ  “Ристе Ристески “ датираат уште од далечната 1966 година кога е изградено и е од типот  монтажна градба .

Во почетокот во ова основно училиште учеле ученици од с.Долно Косоврасти , с.Горно Косоврасти и с.Могорче се до 1975 година кога во с. Могорче е изградено ново училиште – подрачно училиште кое го добива името Мирче Ацев кое и денеска пости како подрачно основно училиште во склоп на ООУ Ристе Ристески и се изведува настава на македонски наставен јазик .

Во 1995 година во с.Горно Косоврасти е изградено ПОУ Коле Канински исто такa со наставен на македонски наставен јазик.

Вкупниот број на паралелки во ООУ  “Ристе Ристески “ изнесува 36 со настава на македонски јазик.

Патронaтниот празник  училиштето го слави на 15 февруари во чест на народниот херој Ристе Ристески.

Мисија: Да биде пред се високо квалитетни образовен модел кој воедно ќе преставува пример за еднакви можности и пристап до образование на сите етнички заедници.Современ интегриран образовен модел, кој ги негува, поттикнува и интегрира мултиетничките вредности, а во исто време ги промовира и поддржува партнерските односи помеѓу учениците, наставниците и родителите, го поттикнува вклучувањето на заедницата преку воспоставување на хармонични односи, кои се темелат на почитување на разликите.

 Визија: Да биде ефективно и современо училиште кои нуди еднакви образовни можности за сите и се залага за меѓуетничка интеграција преку современа меѓуетничка ,воспитно –образовна установа ,која ке обезбеди високо квалитетно образование преку редовни наставни и воннаставни активности.

 

Адреса: Долно Косоврасти

Тел: 046/ 842 024

Фах: 046/ 843 024

Е-маил: sajroski@yahoo.com

ФБ ЛИНК

 

 

SHKOLLA FILLORE KOMUNALE SAID NAJDENI

 

 

 

 

 

SHKOLLA FILLORE KOMUNALE PENESTIA