Почитувани граѓани,
Ве информираме дека Општина Дебар во текот на овие денови е во процес на преминување кон новата официјална веб-страница.
Овој процес се реализира во рамките на проектот на Министерството за дигитална трансформација за изработка и имплементација на нови официјални веб-страници на општините и институциите од јавниот сектор во Република Северна Македонија, врз основа на Договорот за јавна набавка бр. 16-1542/13 од 06.10.2025 година, кој се однесува на изработка на примероци на веб-страници за општините.
Во овој период, одговорниот тим интензивно работи на уредување, систематизирање и приспособување на содржините, со цел новата веб-страница да биде целосно функционална и да овозможи полесен пристап до информации, документи и услуги за граѓаните.
До следното известување, можни се одредени измени и ажурирања во текот на овој процес. Се вложуваат максимални напори преминот кон новата веб-страница да заврши што е можно побрзо и сите содржини и функционалности да бидат соодветно уредени.
Ви благодариме за разбирањето и трпението!
Општина Дебар