
Денес, градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Мела, изврши увид на терен во текот на градежните работи за асфалтирање на улицата „Исмаил Кадаре“, една од главните улици во населбата Венец 2.
Работите се одвиваат со цел подобрување на патната инфраструктура, олеснување на сообраќајот и создавање подобри услови за жителите на оваа населба.
Општина Дебар продолжува со реализација на инфраструктурни проекти, одговарајќи на потребите и барањата на граѓаните