ул. „8 Септември“ бр. 72, 1250 Дебар • +389 46 831 196
Република Северна Македонија

Општина Дебар

Новости

Една година работа, посветеност и заложба за Дебар!

Една година работа, посветеност и заложба за Дебар!

Денес, градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, го презентираше извештајот за сработеното во првата година од својот мандат, при што ги претстави реализираните проекти, спроведените активности, плановите и приоритетите за наредниот период.

Во рамките на презентацијата беа опфатени активностите и постигнатите резултати во различни области, со посебен акцент на подобрувањето на инфраструктурата, развојот на општината, реализацијата на проекти од јавен интерес и создавањето подобри услови за живот на граѓаните.

Градоначалникот, ги претстави и идните планови и визијата за понатамошен развој на Дебар, нагласувајќи ја важноста од продолжување на инвестициите, реализација на нови проекти и унапредување на општинските услуги.

Оваа презентација претставуваше осврт на досегашната работа, но и можност за запознавање со идните насоки, планови и цели кон кои се стреми Општина Дебар.

Упатуваме посебна благодарност до сите присутни кои со своето присуство и интерес го проследија овој настан и покажаа интерес за работата, проектите и плановите на Општина Дебар. Вашето присуство и интерес се важен дел од соработката и отворената комуникација со граѓаните.
Заедно продолжуваме да работиме за развојот на Дебар и подобра иднина за сите наши граѓани!
Facebook
X
LinkedIn
Print
Email