ДЕТСКА ГРАДИНКА „БРЕШИА“
Собранието на Општина Дебар на 12.01.1969 година донесе решение за основање на Предучилишната установа „Брешиа“ – име избрано во знак на почит и благодарност кон градот и солидарните и хуманитарни студенти од Италија. Така, градинката „Брешиа“ е првата јавна општинска установа за деца од предучилишна возраст, со задача да се грижи за развојот, воспитанието и образованието на децата, од доенечка возраст до 5 години и 8 месеци. Прв доброволен директор бил Халит Баша, а потоа Цветко Лалчевски, а први воспитувачки биле Лирие Јани, Ѓулсиме Пеќа и Зора Вичишка. Поради постојаниот пораст на интересот на родителите, во 1976 година бил изграден и соодветен објект, кога бил именуван и новиот, сега редовен директор, Хусен Косоврасти. Подоцна почнале да се формираат и групи за помладите возрасти и да се градат нови простории. Посебен придонес дадоа и следните директори: Ѓулсиме Пеќа, Ѓорѓи Илиевски, Веап Дука, Ширете Граждани и Севдије Војника.
Директорка на градинката „Брешиа“ – Дебар моментално е г-ѓа Ајрије Дачи, која раководи со установата од 24.04.2007 година. Раководен орган на установата е и Управниот одбор, составен од 7 члена, кој постојано го следи развојот и работата на установата. Во неа дејствуваат и Советот на родители, Советот на воспитувачи и комисиите за планирање на темите на кои се работи во текот на годината во воспитните активности.
Адреса: ул. „8 Септември“