ул. „8 Септември“ бр. 72, 1250 Дебар • +389 46 831 196
Република Северна Македонија

Општина Дебар

Природа

Природа

Дебарско Езеро

Дебарското Езеро е создадено во зоната на вливот на реките Радика и Црн Дрим, со изградба на брана висока 102 метри во периодот 1966–1968 година. Полнењето на акумулацијата е завршено во 1969 година. Езерото има површина од 13,2 km², длабочина од 92 m и вкупна акумулација од 520 милиони m³ вода, која се користи за производство на 300 милиони kWh електрична енергија. Температурата на водата во езерото е околу 14,4 °C, со минимум од 3,0 °C и максимум од 23,9 °C.
Езерото и околните планини создаваат извонреден пејзаж, кој во целина изгледа како издигната висорамнина над градот Дебар. Езерото нуди одлични можности за спортски натпревари на мирна вода, а голем интерес во летниот период има и за плажите, кои ги користат жителите и гостите.

КРИСТАЛНАТА ПЕШТЕРА

На брегот на Дебарското Езеро, во планината над Рајчица, се наоѓа најособениот рудник во светот – рудникот на кристален гипс.

Овој рудник е изграден уште во римско време. Се наоѓа на 90–200 m под површината, а речиси целата планина е исполнета со гипс. Посебноста на рудникот е производството на овој вид кристален гипс и тој е единствен од ваков вид во Европа. Кристалот селенит, со 99 % чистота, е уникатен и поради условите, притисокот на земјата и ридот, хемискиот состав и термалните води. Само неколку метри по влезот почнува да се чувствува студениот воздух, но и мирисот на сулфур од изворите на минерална вода во околината. Температурата во пештерата е секогаш 17 °C.

Мостот Капроли

Мостот Капроли е еден од најубавите споменици на архитектурата од XVIII век и еден од ретките мостови од ваков вид во Македонија. Сместен во живописната природа на Националниот парк „Маврово“, над брзите води на Мала Река, тој плени со својот необичен дизајн и форма.

ПЛАНИНСКИОТ МАСИВ ДЕШАТ

Дебар располага со големи природни и културни богатства. Планинскиот масив Дешат започнува со Веливар и Дешат и создава „капа“ над градот Дебар – со снег во зима, а со зеленило и свежина во лето. Врвот Веливар е висок 2.369 m и се наоѓа речиси во средината на Дешат. Тој е атракција за љубителите на пешачење и планинарење и е означен на меѓународната карта на Националната агенција за геопросторни информации. Природниот пејзаж е богат со стрмни карпи, пештери, бројни водни извори (планински потоци и водопади) и многу богата флора и фауна.