ул. „8 Септември“ бр. 72, 1250 Дебар • +389 46 831 196
Република Северна Македонија

Општина Дебар

ООУ „РИСТЕ РИСТЕСКИ“ – с. ДОЛНО КОСОВРАСТИ

ООУ „РИСТЕ РИСТЕСКИ“ – с. ДОЛНО КОСОВРАСТИ

ООУ „РИСТЕ РИСТЕСКИ“ – с. ДОЛНО КОСОВРАСТИ

Училиштето е основано во 1966 година, а наставата во него се изведува на македонски јазик. Вкупниот број паралелки е 36, сите со настава на македонски јазик.

На почетокот во ООУ „Ристе Ристески“ учеа ученици од с. Долно Косоврасти, с. Горно Косоврасти и с. Могорче, сè до 1975 година, кога во с. Могорче беше изградено ново подрачно училиште, наречено „Мирче Ацев“, кое и денес постои како подрачно училиште во рамките на ООУ „Ристе Ристески“, со настава на македонски јазик.

Во 1995 година во с. Горно Косоврасти беше изградено подрачното училиште „Коле Канински“, исто така во рамките на ООУ „Ристе Ристески“, со настава на македонски јазик.

Мисија – Да биде интегриран образовен модел што ги поттикнува и интегрира мултиетничките вредности, а воедно ги промовира и поддржува соработничките односи меѓу учениците, наставниците и родителите и ја охрабрува заедницата преку градење хармонични односи засновани на почитување на различностите.

Визија – Да биде современо и ефикасно училиште што нуди еднакви образовни можности за сите и се залага за современа меѓуетничка интеграција преку воспитно-образовни содржини што обезбедуваат високо квалитетно образование преку училишните и воннаставните активности.

Адреса: с. Долно Косоврасти

Тел.: 046/842 024

Факс: 046/843 024

Е-пошта: sajroski@yahoo.com

Facebook страница

Број на ученици во ООУ „Ристе Ристески“ 2019/2020 Број на ученици во ООУ „Ристе Ристески“ (од 2014 до 2019)