Notices

СООПШТЕНИЕ

           Се соопштуваат сите граѓани и правни лица дека Општина Дебар организира јавна презентација и јавна анкета за Предлог Детален урбанистички план за дел од Блок 9, КО Дебар 2- Општина Дебар, со плански период 2019- 2024 , со површина од  1,1 ха, со следните граници:

           – Северо- исток: ул. ,,Петре Поповски,,;

           – Југ: ул. ,,Здравко Чочковски,,;

           Југозапад: ул. ,,Братство Единство,, и ул. ,,22 Декември,,.

           Предлог Планот ќе биде изложен во просториите на Општина Дебар. Јавната анкета ќе трае 10 работни дена, односно од 10.10.2019  до 24.10.2019 год (од 800 часот до 1600  часот). Во овој временски рок сите заинтересирани граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатени со планот имаат право да доставуваат забелешки, предлози и мислења до организаторот на јавната анкета преку пополнување и доставување на анкетни листови во писмена форма или електронска форма преку системот е-урбанизам.

Јавната професионална презентација за Предлог планот ќе се одржи на ден 17.10.2019 во 13.00 ч.,  во просториите на Општина Дебар, односно во салата на Советот на Општина Дебар, ул. “8 Септември ” бр. 72.

СООПШТЕНИЕ

Врз основа на член 7 од Деловникот за работа на Советот на Општината Дебар (“Службен гласник на Општината” бр.4/2005)
На ден 24.06.2019 год. се донесе:

  Р Е Ш Е Н И Е

СЕ СВИКУВА 23-та седница на Советот на Општината Дебар.
Седницата се свикува за 28.06.2019 год. (Петок) со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на Општината Дебар.

За седницата се предлага:

-Усвојување на записникот на 22-та седница на Советот на Општината .

Дневен  ред

1. Предлог одлука за прогласување на почесни граѓани на Општина Дебар.

2. Предлог одлука за прогласување на почесни граѓани на Општина Дебар.

3. Предлог одлука за прогласување на почесни граѓани на Општина Дебар.

СООПШТЕНИЕ

Врз основа на член 7 од Деловникот за работа на Советот на Општината Дебар (“Службен гласник на Општината” бр.4/2005)
На ден 24.04.2019 год. се донесе:

                                                                   Р Е Ш Е Н И Е                                 

СЕ СВИКУВА 21-та  седница на Советот на Општината Дебар.
Седницата се свикува за 30.04.2019 год. (Вторник) со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на Општината Дебар.

За седницата се предлага:

-Усвојување на записникот на 20-та седница на Советот на Општината .

                                                                    Д н е в е н     р е д

1. Извештај за реализација на Програмата за одржување на јавната чистота во територијата на Општина Дебар за 2018 година со заклучок за усвојување.

2. Предлог Програма за одржување на јавната чистота во територијата на Општина Дебар за 2019 година со заклучок за донесување.

3. Предлог одлука за откажување на корисничко право.

4. Предлог одлука за утврдување потреба за донесување на урбанистичка планска домументација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр.5653 и КП бр. 5645 КО Дебар – 1.

Предлог одлука за утврдување потреба за донесување на урбанистичка планска документација за усогласување на намената на градежно земјиште на КП бр. 10713/3, КО Дебар -3.

6. Предлог одлука за утврдување потреба за донесување на урбанистичка планска документација за проширување на плански опфат за КП бр. 5936, КО Дебар 1.

7. Предлог одлука за утврдување потреба за донесување на урбанистичка планска документација за проширување на плански опфат  за КП бр. 5932/1, КО Дебар 1.

8. Предлог одлука за ослободување од партиципација на ромси деца на возраст од 3 до 6 години возраст за престој во ЈОУДГ ”БРЕШИ” – Дебар.

9. Одлука за утврдување на вредноста на бодот за пресметување на платите на јавните службеници за 2019 година во ЈОУДГ ”БРЕШИА” Дебар.

10. Мислење за Програмата за ученички екскурзии во учебната 2018/2019 година со учениците од IX одделеније на ООУ ”Саид Најдени”, Општина Дебар.