Во
врска со предстојната превентивна систематска дезинсекција за уништување на комарците на подрачјето на општина Дебар
Согласно
Законот за заштита на населението од
заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009, 149/2014, 150/2015 и 37/2016 ),, а врз основа
на одлуката на Советот на Општина Дебар за спроведување на превентивна
систематска дезинсекција на територијата на општина Дебар како општа
противепидемиска мерка Општина Дебар го издава следното соопштение:
Се известуваат
граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебар дека на ден
01.07.2021 год.(четврток ), екипите на ЛИСА-КОМ МС -Кавадарци ќе спроведат
теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарците.
Запрашувањето ќе се
врши во, период од 18.00 до 06.00 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени :зелените површини
во Општината, крајбрежјето на Дебарското езеро, депонии и пограничен појас, урбаната населба Дебар како и останатите локалитети
предвидени во планот и програмата.
Се молат пчеларите
и пчеларските задруги да ги превземат
соодветните мерки за заштита на пчелите.