СООПШТЕНИЕ
Врз основа на член 7 од Деловникот за работа на Советот на Општината Дебар (“Службен гласник на Општината” бр.4/2005)
На ден 20.11.2019 год. се донесе:
Р Е Ш Е Н И Е
СЕ СВИКУВА 29та седница на Советот на Општината Дебар.
Седницата се свикува за 27.11.2019 год. (Среда) со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на Општината Дебар.
За седница се предлага овој : – усвојување на 28 записник
Дневен ред
- Заклучок за усвојување на извештајот за извршување на Одлуката со која се одобрува исплатата на долговите.
- Одлука за утврдување на потреба за размена на градежно земјиште во сопственост на Република северна Македонија со градежно земјиште во сопственост на физичко лице за изградба на објект од јавен интерес од локално значење.
- Предлог одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ООУ „Пенестиа„ Дебар за 2020 година.
- Предлог одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ООУ „Саид Најдени„ Дебар за 2020 година.
- Предлог одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во ООУ „Ристе Ристески„ Дебар за 2020 година.
- Предлог одлука за давање согласност на Годишниот план за вработување во СОУ „ 28 Ноември„ Дебар за 2020 година.
- Предлог програма за измена и дополнување на програма за изработка за на урбанистички планови и урбанистичка документација на териториата на општина Дебар за 2019 година.
- Дискусија и преименување на патиштата на град Дебар.
- Разно.