СООПШТЕНИЕ – 33 седница

Врз основа на член  39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02),     

На ден .14.12.2023 год. се донесе                  

Р  Е  Ш  Е  Н  И  Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА 33 та  СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР    

Cедницата се свикува за 18.12.2023 (ПОНЕДЕЛНИК) со почеток во 11:00 часотво салата на Советот на Општина Дебар.               

За  седница  се предлага овој :                                                   

Д н е в е н     р е д

1. Усвојување на 32 записник
2.Предлог одлука  за престанување на важноста на Одлуката за утврдување на потреба за размена на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија со градежно земјиште во сопственост на физичко лице за изградба на објект од јавен интерес од локално значење.
3.Предлог  одлука  за престанување на важноста на Одлуката за утврдување на потреба за размена на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија со градежно земјиште во сопственост на физичко лице за изградба на објект од јавен интерес од локално значење.
4.Предлог  програма  за општа туристичка пропаганда и подобрување на условите за престој на туристите во 2024 година
5.Предлог одлука за утврдување и наплата на комунална такса во Опшрина Дебар.
6.Календарски Буџет на Општина Дебар за 2024 год.
7.Предлог одлука за висина на благајнички максимум за 2024 година на сметката на општина Дебар . 8.Предлог нацрт Буџет на Општина Дебар за   2023 година, со заклучок за утврдување
9.Разно.