СООПШТЕНИЕ
Се соопштуваат сите граѓани и правни лица дека Општина Дебар организира јавна презентација и јавна анкета за Предлог “Архитектонско- урбанистички проект за формирање на градежна парцела на КП 397 и дел од КП 396, КО Хаме Кривци, согласно Општ акт за село Хаме (Одлука бр. 08-747/8 од 30.08.2019 година)“, со површина од 12.316 м².
Предлог Архитектонско- урбанистички проект ќе биде изложен во просториите на Општина Дебар. Јавната анкета ќе трае 5 работни дена, односно од 10.10.2019 до 16.10.2019 год (од 800 часот до 1600 часот). Во овој временски рок сите заинтересирани граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатени со планот имаат право да доставуваат забелешки, предлози и мислења до организаторот на јавната анкета преку пополнување и доставување на анкетни листови во писмена форма или електронска форма преку системот е-урбанизам.
Јавната професионална презентација за Предлог планот ќе се одржи на ден 14.10.2019 во 13.00 ч., во просториите на Општина Дебар, односно во салата на Советот на Општина Дебар, ул. “8 Септември ” бр. 72.