СООПШТЕНИЕ
Се соопштуваат сите граѓани и правни лица дека Општина Дебар организира јавна презентација и јавна анкета за Предлог “Детален урбанистички план за дел од Блок 9, КО Дебар 2- Општина Дебар, со плански период 2019- 2024 “, со површина од 1,1 ха, со следните граници:
– Северо- исток: ул. ,,Петре Поповски,,;
– Југ: ул. ,,Здравко Чочковски,,;
– Југозапад: ул. ,,Братство Единство,, и ул. ,,22 Декември,,.
Предлог Планот ќе биде изложен во просториите на Општина Дебар. Јавната анкета ќе трае 10 работни дена, односно од 10.10.2019 до 24.10.2019 год (од 800 часот до 1600 часот). Во овој временски рок сите заинтересирани граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатени со планот имаат право да доставуваат забелешки, предлози и мислења до организаторот на јавната анкета преку пополнување и доставување на анкетни листови во писмена форма или електронска форма преку системот е-урбанизам.
Јавната професионална презентација за Предлог планот ќе се одржи на ден 17.10.2019 во 13.00 ч., во просториите на Општина Дебар, односно во салата на Советот на Општина Дебар, ул. “8 Септември ” бр. 72.