Предмет: ИНФОРМАЦИЈА ДО ЗДРУЖЕНИЕТО НА ПЧЕЛАРИ

      Во врска со предстојната превентивна систематска дезинсекција за уништување  на комарците на подрачјето на општина Дебар

         Согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести ( Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014, 150/2015 и 37/2016 ),, а врз основа на одлуката на Советот на Општина Дебар за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општина Дебар како општа противепидемиска мерка Општина Дебар го издава следното  соопштение:

         Се известуваат граѓаните кои одгледуваат пчели на подрачјето на општина Дебар дека на ден 01.07.2021 год.(четврток ), екипите на ЛИСА-КОМ МС -Кавадарци ќе спроведат теристичка (од земја ) дезинсекција со цел уништување на комарците.

   Запрашувањето ќе се врши во, период од 18.00 до 06.00 часот, со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени :зелените површини во  Општината,  крајбрежјето на  Дебарското езеро,  депонии и пограничен појас, урбаната  населба Дебар како и останатите локалитети предвидени  во планот и  програмата.

          Се молат пчеларите и пчеларските задруги да ги превземат   соодветните мерки за заштита на пчелите.