Соопштение – 21-ва седница
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02), На ден 25.01.2023 год. се донесе: Р Е Ш Е Н И Е ЗА СВИКУВАЊЕ НА 21 та СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР Cедницата се свикува за 30.01.2023 (ПОНЕДЕЛНИК) со почеток во 11:00 часотво салата на Советот на Општина Дебар. За седница се предлага овој : Д н е в е н р е д 1. Усвојување на 20 записник 2.Предлог решение за разрешување и именување на член на Комисијата за скучување на бракови во подрачје на општина Дебар. 3.Предлог решение за разрешување и именување на член на комисијата за финансии, буџет и локален економски развој како постојана комисија при Советот на Општината. 4.Предлог Програма за изработка на урбанистички планови и урбанистишка докуменациа на територијата на Општина Дебар за 2023 год, со заклучок за донесување. 5.Програмата за уредување на градежно земјиште на општина Дебар за 2023 година, со заклучок за донесување. 6.Извешај од Командир на Полициска Станица од општа надлежност Дебар. |