СООПШТЕНИЕ – 2-ра седница
Врз основа на член 39 став 2 од Законот за локалната самоуправа, („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.5/02), На ден 06.12.2021год. се донесе: |
РЕШЕНИЕ ЗА СВИКУВАЊЕ НА 2ра СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ДЕБАР |
Cедницата се свикува за 09.12.2021(ЧЕТВРТОК) со почеток во 11:00 часот во салата на Советот на Општина Дебар. За седница се предлага овој : |
Д н е в е н р е д
- Усвојување на 1 записник.
- Предлог решение за избор на претседател и членови на комисијата за статут у прописи како постојана комисија при Советот на Општината.
- Предлог решение за избор на претседател и членови на комисијата за финансии, буџет и локален економски развој како постојана комисија при Советот на Општината.
- Предлог решение за избор на претседател и членови на комисијата за урбанизам, комунални дејности и заштита на животна средина и природата како постојана комисија при Советот на Општината.
- Предлог решение за избор на претседател и членови на комисијата за општествени дејности како постојана комисија при Советот на Општината.
- Предлог решение за избор на претседател и членови на комисијата за односи со заедниците како постојана комисија при Советот на Општината.
- Предлог одлука за формирање на комисија за еднакви можности на жените и мажите.
- Предлог решение за определување членови на Советот Општината за склучување на бракови во подрачјето на Општината Дебар.
- Предлог решение за формирање на комисија за изготвување на Програмата за работа на Советот на Општината.
- Предлог одлука за задолжување на средства добиени од Меѓународна банка за обнова и развој (Светска банка) преку Вториот проект за подобрување на општинските услуги.
- Предлог одлука за изменување и дополнување на одлуката за комунален ред на Општина Дебар