СООПШТЕНИЕ
Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на РМ бр. 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 94/17, 64/18 и 168/18) и член 93 од Законот за урбанистичко планирање (Сл. весник на РСМ бр. 32/20), Градоначалникот на Општина Дебар го објавува следното:
СООПШТЕНИЕ
Се соопштуваат сите граѓани и правни лица дека Општина Дебар организира јавна презентација и јавна анкета за Предлог “Детален урбанистички план за Блок 7, Општина Дебар, планиран развој 2020- 2025“, со површина од 10,61ха, со следните граници:
- Север: ул. “Џавит Уштеленца”;
- Југ: ул. “Атанас Илиќ” и ул. “Али Зенговски”;
- Исток: ул. “Амди Леши”;
Предлог Планот ќе биде изложен во просториите на Општина Дебар. Јавната анкета ќе трае најмалку 11 работни дена, односно од 24.06.2021 до 09.07.2021 год (од 800 часот до 1600 часот). Во овој временски рок сите заинтересирани граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатени со планот имаат право да доставуваат забелешки, предлози и мислења до организаторот на јавната анкета преку пополнување и доставување на анкетни листови во писмена форма или електронска форма преку системот е-урбанизам.
Јавната професионална презентација за Предлог планот ќе се одржи на ден 01.07.2021 во 12.00 часот, во просториите на Општина Дебар, односно во салата на Советот на Општина Дебар, ул. “8 Септември ” бр. 72.
Predlog DUP bl 7_sitezen plan https://drive.google.com/drive/u/0/my-drive