ПОКАНА – Проектот: „Зајакнување на општинските совети – фаза II“

Почитувани,

Општина Дебар во рамките на проектот: „Зајакнување на општинските совети – фаза II“ во соработка и со поддршка на Министерството за локална самоуправа, Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC) и Програмата за развој на Обединетите Нации, започнува со реализација на форуми за проекти во Општина Дебар во 2023 година.

Имаме особена чест и задоволство да Ве поканиме да учествувате на првата сесија на форумот, која ќе се одржи на 21 Ноември 2023 година (вторник) со почеток во 13:00 часот во просториите на Ресторан „Пенестиа“ во Дебар, во близина на Н.У. Центар за култура – Дебар.