На 27 ноември 2025 година, во ресторанот „Ураники“ во Дебар, се одржа историската конференција на тема „Патот кон независноста на Албанија“, значаен културен и научен настан организиран од Општина Дебар во соработка со Здружението за историја и културно наследство – Дебар.
На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Дебар, кој ги поздрави присутните и високо го оцени значењето на ваквите конференции, чија цел е зачувување, промовирање и проучување на нашата национална историја. Во своето обраќање градоначалникот истакна дека Дебар одиграл драгоцена улога во историските процеси што довеле до прогласувањето на независноста, нагласувајќи го придонесот на дебарските личности и семејства во патриотските движења.
Конференцијата беше фокусирана на историските факти, студии и сведоштва поврзани со периодот на националната преродба и патот кон 28 Ноември 1912 година, со посебен осврт на улогата на дебарскиот крај. Истражувачи, историчари и други гости придонесоа со вредни излагања и дискусии.