Градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, денеска изврши увид во работите на делницата од патот Дебар–Маврово, во близина на Косоврасти бањи, кои ги спроведува Владата на Република Северна Македонија, односно јавното претпријатие „Македонија пат“.
На овој дел од патот се појави сериозен проблем – дупка што ја оштети патната инфраструктура и создаде опасност за сообраќајот. Стручните екипи на „Македонија пат“ интервенираа приоритетно за санирање на проблемот, пополнување на дупката, поставување потпорни слоеви и враќање на функционалноста на патот.
За време на увидот, градоначалникот Мела беше информиран за динамиката на работите и го пофали институционалниот ангажман за оваа важна патна делница, која е клучна врска за жителите од овој крај. Тој истакна дека Општина Дебар ќе продолжи тесно да соработува со надлежните државни институции за навремено решавање на секој инфраструктурен проблем и за поголема безбедност и квалитет на патниот сообраќај.