Се одржа првата конститутивна седница на новиот Совет на општината
Денеска во Општина Дебар се одржа првата конститутивна седница на новиот Совет на општината, значаен настан за институционалното функционирање и демократското претставување на нашите граѓани.
Седницата се одржа во присуство на градоначалникот на Општина Дебар, г. Фисник Мела, и на новоизбраните советници.
Со мнозинство гласови, г. Африм Кркути беше избран за претседател на Советот на Општина Дебар и ја доби довербата да раководи со работата на ова тело во наредниот мандат.
Во своето обраќање, градоначалникот г. Мела им честиташе на новите членови на Советот и ја нагласи важноста на заемната соработка меѓу општинската извршна власт и Советот, во функција на подобар живот на граѓаните и развој на општината.
Новиот Совет на Општина Дебар ја претставува волјата на граѓаните за транспарентност, развој и соработка во новото раководење со општината.
.