ул. „8 Септември“ бр. 72, 1250 Дебар • +389 46 831 196
Република Северна Македонија

Општина Дебар

Новости

ReWaste

ReWaste

Тимот на Општина Дебар, предводен од градоначалникот, учествуваше на почетниот (kick-off) состанок на проектот ReWaste, прекуграничен проект помеѓу Општина Дебар и Општина Војо во Грција, кој се имплементира во рамки на Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка Грција – Северна Македонија, финансирана од Европската Унија.

Во рамки на состанокот се одржа и заедничка средба помеѓу градоначалникот на Општина Дебар и градоначалникот на Општина Војо, при што беа разменети конкретни искуства и институционални пристапи поврзани со управувањето со комуналниот отпад, локалните еколошки политики, како и вклучувањето на граѓаните во процесите на селекција и рециклирање. Двајцата градоначалници ја нагласија важноста на прекуграничната соработка како значаен инструмент за справување со заедничките предизвици и размена на добри практики на локално ниво.

Проектот ReWaste има за цел унапредување на системите за управување со отпад преку иновативни решенија за селекција и рециклирање, воведување на системи за наградување на граѓаните, како и промоција на циркуларната економија. На состанокот беа дискутирани и претстојните активности, како и почетните чекори за имплементација на проектот во Општина Дебар.

🔗 Повеќе информации за проектот: https://greece-northmacedonia.eu/project/rewaste/

Facebook
X
LinkedIn
Print
Email
Соопштенија
ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО ПЧЕЛАРИТЕ
Соопштенија
СООПШТЕНИЕ – 15-та седница