Поради градежните работи во областа, коритото на реката беше блокирано, а текот на водата се пренасочи кон главниот пат.
Тоа го блокираше сообраќајот и создаде сериозна опасност за околните објекти и за безбедноста на жителите.
Штом беше известена за ситуацијата, Општина Дебар веднаш реагираше и испрати екипи на терен за проверка и интервенција. Тесната соработка меѓу Општина Дебар, Општина Маврово и Ростуше, јавното претпријатие „Македонија пат“, Противпожарната единица Дебар и компанијата „Илинден“ овозможи навремено преземање на сите потребни мерки.
Благодарение на координираната реакција и интензивната работа на терен, беше избегната секаква опасност за жителите и инфраструктурата, патот беше отворен и сообраќајот се нормализира.
Општина Дебар им се заблагодарува на сите вклучени институции и екипи за извонредната соработка и професионалниот ангажман, со што уште еднаш се покажа дека безбедноста на граѓаните е наш главен приоритет.